Утрински Весник
Свет

Париз и Берлин повикаа на нови избори на северот на Косово со учество на Србите

Париз и Берлин повикаа на нови избори на северот на Косово со учество на Србите
300x250 (7)

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави во Молдавија дека Париз и Берлин денеска апелираа до Србија и Косово што е можно поскоро да организираат нови локални избори во четири општини со српско мнозинство на северот на Косово и дека на нив учествуваат српски претставници.

dobivaj vesti na viber

По заедничките средби на Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц со претседателите на Србија и на Косово, Александар Вучиќ и Вјосa Османи, францускиот лидер пред новинарите изјави дека тензиите на северот на Косово се резултат на локалните избори, на кои само три отсто на 23 април излегоа запишани гласачи.

300x250 (7)

„Ние целосно ги поддржуваме сите повредени, пред се војници на НАТО. Ги повикавме двете страни да организираат нови избори во четири општини (на северот на Косово) што е можно поскоро и на нив да учествуваат српски претставници“, изјави Макрон за новинарите по самитот на Европската политичка унија.

По самитот во молдавското село Булбоака, Макрон изјави и дека шефот на европската дипломатија Жозеп Борел ќе разговара со лидерите на Србија и Косово за одржување нови избори.

„Како што знаете, Германија и Франција предложија план и сега тој треба да се спроведе“, додаде Макрон, мислејќи на Договорот за патот кон нормализација на Косово и Србија, за кој лидерите на двете страни се договорија на 27 февруари и 18 март.

Во близина на зградите на локалните самоуправи во Лепосавиќ, Зубин Поток и Звечан денеска продолжија протестите на Србите, четврти ден по ред. Десетици луѓе од двете страни беа повредени во судирите меѓу граѓаните и војниците на КФОР и припадниците на косовската полиција во понеделникот.

Ss1

Можете да прочитате

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина и за Израел

Блинкен во посета на Кина

Словенечката опозиција бара истрага за случаите на кражба на бебиња