Утрински Весник
Свет

Папата: Ватикан е подготвен да посредува меѓу Украина и Русија

Папата: Ватикан е подготвен да посредува меѓу Украина и Русија

Папата Франциско денеска повтори дека Ватикан е подготвен да направи сè што е можно за да посредува со цел да се стави крај на конфликтот меѓу Русија и Украина.

dobivaj vesti na viber

Во интервју за италијанскиот весник „Ла Стампа“, на прашањето дали верува дека е можно помирување меѓу Москва и Киев, Папата ги повика сите да не се откажуваат од напорите за мирно решение, пренесува „Ројтерс“.

„Секој мора да се посвети на демилитаризација во срцето, почнувајќи од сопственото. Мораме да бидеме пацифисти. Сакаме мир, а не само примирје кое може да послужи само за повторно вооружување. Вистинскиот мир, што е дијалог со плод “, изјави папата за италијанскиот весник.

Папата Франциско вчера на генерална аудиенција го осуди последниот бран ракетни напади врз Украина и повика на прекин на огнот за да се спречи ризикот од ескалација на конфликтот,пренесе Телеграф.рс.

Можете да прочитате

Нетанјаху одобри нова рунда преговори за примирје во Газа

Бројот на загинати во израелските воздушни напади над Сирија достигна 42

Нетанјаху не прифатил предлогот од шефот на Мосад за договор во Газа