Утрински Весник
Македонија

МОН: Се доделуваат 3.000 стипендии за студентите

МОН: Се доделуваат 3.000 стипендии за студентите

На интернет страницата на Министерството за образование и наука www.mon.gov.mk, објавен е конкурсот за доделување на студентски стипендии за академската 2022-2023 година. Предвидено е да бидат доделени вкупно 3.000 стипендии, а годинава се воведени и три нови категории, кои се резултат на информациите за недостиг на кадар во одредени области.

dobivaj vesti na viber

За прв пат ќе се доделат 30 стипендии за студенти кои се запишани на студиски програми од областа на земјоделските, ветеринарните и шумарските науки. Новина се и 15те стипендии за додипломски студии за преведување и толкување од македонски на албански јазик и обратно (мајчин јазик) и преведување и толкување од албански на македонски јазик и обратно (немајчин јазик). Исто така, 15 стипендии се предвидени за прв пат и за студентите запишани на додипломски студии по историја на уметност, археологија, ликовна уметност и етнологија и антропологија.

Вкупно 1.470 стипендии се наменети за редовни студенти од социјалните категории. За студентите од научните подрачја на техничко-технолошките науки, биотехничките, општествените и хуманистичките науки се предвидени 770 стипендии, додека 85 стипендии се обезбедени за студенти запишани на студиски програми по информатика.

За студентите запишани на студиски програми по македонски јазик, македонска книжевност и јужнословенски книжевности се предвидени 15 стипендии.

Предвидени се и 500 стипендии за студентите запишани на студиски програми од научните подрачја на природно-математичките, техничко-технолошките, биотехничките и/или медицинските науки и кои постигнале просечен успех од I-та до тековно запишаната студиска година најмалку 8,00 просечен успех.

30 стипендии ќе се доделат на студенти запишани на студиски програми по хемија, 20 на студенти запишани на физика и 20 за студиските програми по математика.

Предвидени се и 30 стипендии за студенти кои се запишани во прва година на студиски програми на високообразовни установи за образование на наставен кадар во предучилишното воспитание, основното и средното образование.

Во Конкурсот се наведени сите услови, критериуми и потребните документи за аплицирање со цел остварување на правото на користење на секоја категорија на стипендии. Оваа година аплицирањето е исклучиво електронски преку порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk и хартиени апликации преку архивата на МОН, нема да се прифаќаат. Рокот за аплицирање започнува денес и трае до 5.12.2022 година.

Сите категории на стипендии се доделуваат за девет месеци во текот на студиската година и во износ од 6050 денари, со исклучок на стипендиите за студиските програми по хемија, физика и математика, како и новите за земјоделските, ветеринарните и шумарските науки кои изнесуваат 18.000 денари месечно.

Можете да прочитате

Приведено и трето лице за убиството на докоторот пред поликлиниката во Железара

Тројца полициски службеници за несовесно работење во службата заработија кривични пријави 

Кривична пријава заработи лице кое заградило државно замјиште кај Бит Пазар и си наплаќал „арач“