Утрински Весник
Свет

Папата на операција

Папата на операција

Папата Франциско попладнево ќе има операција на желудникот во римската болница Гемели, се вели во соопштението на Ватикан.

dobivaj vesti na viber

Се наведува дека неговиот медицински тим во последните денови одлучил дека е потребна операција и оти се очекува тој да остане во болница неколку дена за да се опорави, пренесува Ројтерс.

Агенцијата Анса јавува дека процедурата ќе трае околу два часа и дека папата ќе биде под целосна анестезија.

Анса вчера објави, повикувајќи се на извори запознаени со настаните во Ватикан, дека Папата се наоѓа во болницата Гемели.

Папата на крајот на мај имаше температура, поради што не примаше аудиенција, но не се соопштуваат други детали за неговата здравствена состојба.

Можете да прочитате

Макрон вечерва се обрати до нацијата – Никој нема право да ја уништува Франција

Трамп за насилните протести: Франција гори, затворете ги границите и преземете контрола

Украина соопшти дека дроновите во воздрушниот простор на Литванија можеби биле нејзини