Утрински Весник
Магазин

Памела Андерсон рекламира костими за капење

Памела Андерсон рекламира костими за капење

Памела Андерсон ги покажа своите затегнати облини и убавиот изглед без шминка во блескава фотосесија за нејзината соработка со „Френкис бикини“.

dobivaj vesti na viber

Фотосесијата, дел од кампањата на деловните партнери на Памела (55), е направена на островот Гранд Кајман.

Поранешната ѕвезда на хит-серијата „Бејвоч“, каде што глумеше спасителка, позира во два бели костима за капење – блескави бикини и смело едноделно парче со отвор на стомакот.

Пем отпатува на живописниот остров Гранд Кајман на снимање во луксузниот хотел „Палм хајтс“.

Актерката ја објави својата соработка со брендот костими за капење, со седиште во Малибу, на 27 април.

Во објавата на „Инстаграм“ таа сподели и фотографија во култниот црвен костим за капење од ерата на „Бејвоч“.

Можете да прочитате

Хороскопски знаци кои имаат среќа со финансиите, ретко остануваат без пари

Воведени нови правила на Европската Унија за патување со миленик

Патентирано „проѕирно дрво“ во Сибир