Утрински Весник
Свет

Палестински извори: Најмалку 33 лица убиени во израелски напади во Газа

Napad gaza oktomvri vafa vikipedija.jpg

Најмалку 33 лица се убиени во израелски напади во Појасот Газа од утрово, соопштија болнички палестински извори.

Според нив, 24 од загинатите се во градот Газа, каде Израел продолжува со воздушната и копнената офанзива против милитантната група Хамас.


Израелската војска соопшти дека и понатаму ги таргетира милитантите низ целиот Појас Газа и дека ја интензивирала офанзивата во градот Газа, кој го опишува како последното упориште на Хамас.

Трупите вчера убиле членови на вооружени групи кои се обидувале да постават експлозиви, додаде армијата во соопштение. Израелската морнарица, во меѓувреме, соопшти дека уништила магацин со оружје на Хамас.

Војската, исто така, извести за посебен обид за напад од Газа, наведувајќи дека биле испукани два проектили кон Израел, но не ја погодиле својата цел.

Можете да прочитате

Елиф Ералп на чекор до историја: Берлин може да ја добие првата градоначалничка со мигрантско потекло

Си-Ен-Ен: Европа се подготвува за можна војна со Русија

Крадец провалил во кафуле во Германија, касата не ја допрел, туку крадел торта и сладолед