Утрински Весник
Македонија

Пациентите со ХИВ стравуваат дека ќе останат без терапија

Hiv Rapid Test Share Compressed.jpg

Загриженост кај пациентите со ХИВ дека ќе останат без терапија поради кратење на средства од програмата за идната година. Од невладината “Заедно посилни” која ги застапува овие лица велат дека нема да има пари ниту за превенција бидејќи предвидени се 90 милиони денари, а тие бараат 131 милион денари и според нив постои сериозен ризик за драстично зголемување на бројот на нови случаи со Хив/Сида.

– Огромни се загриженоста и вознемиреноста кај пациентите од тоа постојано стравување дали навреме ќе има терапија и дали ќе се случи прекин на терапијата. Што, секако, тоа не смее да се дозволи, мора да се избегне по секоја цена, бидејќи може да значи драстично влошување на нивната здравствена состојба, а исто така може да значи и појава на отпорен, резистентен вирус, што понатаму ќе бара многу поголеми трошоци за третирање и исто така, ќе значи ризик од раширување на епидемијата, изјави Андреј Сених, од „Заедно посилни“, Здружение за поддршка на луѓето кои живеат со ХИВ.

За овој проблем граѓанските организации испратиле писма до министрите за здравство и финансии како и до Премиерот и бараат да не се дозволи со кратење на пари од оваа програма да се укинат мерките за превенција.

Од министерството за здравство без конкретен одговор дали и колку пари се скратени од оваа програма туку посочуваат дека се отворени за соработка со здруженијата и невладибните организации за подобра здравствена заштита на граѓаните.

Според статистиката во просек годишно се дијагностицираат по 46 нови случаи со ХИВ/СИДА, а во моментот терапија добиваат 430 лица.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Сите 9 судии на Уставен се избрани од 2018 до февруари 2024, кога во судството жареше и палеше ДУИ и СДС

Ѓорѓиевски: Голем интерес за мерката за ослободување од комуналии за младите

Ѓорѓиевски: Доколку ме кандидира партијата, ќе го прифатам предизвикот да ги решам проблемите на Скопје