Утрински Весник
Спорт

Озил откри зошто во 2010 ја одбил Барса и ја прифатил понудата од Реал

Озил откри зошто во 2010 ја одбил Барса и ја прифатил понудата од Реал

Месут Озил неодамна стави крај на својата импресивна кариера. Може да се пофали дека во кариерата бил светски првак со Германија и европски шампион со Реал Мадрид.

dobivaj vesti na viber

Германецот со турско потекло одигра одлично Светско првенство во Јужна Африка во 2010 година и тогаш почна борбата за неговиот потпис. Трката ја водеа најголемите шпански клубови, Реал Мадрид и Барселона.

Тогаш на клупата на овие великани седеа Жозе Мурињо и Пеп Гвардиола, а Озил по 13 години молк откри досега непознати детали од преговорите.

„Дилемата беше Реал или Барселона. На крајот парите немаа никаква улога. Не знам дали е познато, но тогаш ги посетив Мадрид и Барселона. Жозе Мурињо беше клучниот човек за одлуката што ја донесов“, рече Озил и продолжи:

„Моу ми приреди ВИП посета на Реал Мадрид. Ме однесе да го видам стадионот и сите трофеи што ги освоија. Посетата на Барселона не беше ни приближно ентузијастичка. Најмногу ме разочара тоа што Пеп Гвардиола не се ни потруди да се сретне со мене. Мене навистина ми се допаѓаше стилот на Барселона и навистина можев да се замислам себеси како играм во тој тим, но Реал даде се од себе. Откако ги посетив двата клуба, тогаш сè ми беше јасно. Сакав да бидам Мадридиста“.

Озил остана во Реал до 2013 година кога се пресели во Арсенал.

Можете да прочитате

Чави и да не се премисли останува во Барселона

Јокиќ со нов рекорд во НБА

Медведев – Синер е првата полуфинална двојка на Мастерсот во Мајами