Утрински Весник
Економија

Андонов: Државите кои направија стратешка транзиција полесно ја поминаа енергетската криза

Андонов: Државите кои направија стратешка транзиција полесно ја поминаа енергетската криза
Ss2

Соработникот за енергетика во Канцеларијата на Претседателот на Владата, Виктор Андонов учествуваше на четвртиот самит за енергетика „СЕТ Требиње 2023“ во Требиње, Бoсна и Херцеговина кој се одржа под слоганот „Енергетска стабилност на Западен Балкан“ и на кој учество земаа 720 учесници од целиот регион, меѓу кои беа и креатори на регионални енергетски политики и иницијативи.

dobivaj vesti na viber

Андонов имаше свое обраќање на првата панел дискусија насловена како „Забрзување на регионалниот одржлив план и транзиција кон чиста енергија“ на којашто зборуваше за националната стратегија за развој на енергетиката до 2040 година, како и за енергетските политики што ги спроведува Владата на Република Северна Македонија.

Ss1

„Кризата не научи да размислуваме и да делуваме постепено, чекор по чекор да ја правиме транзицијата, да не брзаме. Се прават анализи за влијанието на новиот механизам на Европската комисија CBAM (Carbon Border adjustment mechanism) врз домашната економија.

Преку зголемување на регионалната соработка на земјите од Западен Балкан, успешно можеме заеднички да се справиме со предизвиците што ни доаѓаат“, рече соработникот за енергетика, Виктор Андонов на панел дискусијата посветена на забрзување на регионалниот одржлив план и транзиција кон чиста енергија во Требиње, Босна и Херцеговина.

Ss1

Можете да прочитате

Доделување грантови од третиот повик на Регионалниот фонд за предизвици

Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март

Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање