Утрински Весник
Македонија

Јовески за случајот со починатата Јана: Обдукцискиот наод го немаме, работиме со другите докази

Јовески за случајот со починатата Јана: Обдукцискиот наод го немаме, работиме со другите докази

Јавното обвинителство работи на расветлување на случајот со починатото малолетно девојче во битолската болница.

dobivaj vesti na viber

Јавниот обвинител на РСМ, Љубомир Јовески изјави дека се обезбедуваат сите докази со кои ќе се открие која е причината за згаснување на младиот живот.

„Јавниот обвинител од Битола ги презема потребните мерки и обезбедува докази во врска со смртта на девојчето, резултатите од обдукцијата се уште не се добиени. ЈО работи и на други докази од повеќе лица кои можат да помогнат во расветлување на случајот”, изјави Јовески.

Смртта на 6-годишното девојче ги крена на нозе македонските граѓани, кои вчера излегоа на протест преку кој го искажаа својот револт за немилиот настан.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат изврши вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола, каде почина петгодишната Јана Христовска. Здравствените инспектори, констатирале дека на девојчето му била дадена глукоза заедно со фисиолошки раствор – но тоа не е констатирано како грешка на педијатрите кои го третирале девојчето. Направен е и увид во медицинската евиденција, а земени се изјави и од здравствените работници кои го третирале детето.

Сведоштво за последните моменти на Јана имаше и татко ѝ за „Макфакс“. Тој и неговата сопруга се убедени дека за смртта на нивната ќерка пресудна била инфузијата со гликоза што ја добила и покрај тоа што претходно анализите покажале дека шеќерот ѝ е 9. По инфузијата, шеќерот ѝ се качил на 19 и состојбата ѝ се искомплицирала, а по три часа, им соопштиле дека починала.

Можете да прочитате

Над 100 студенти од техниките факултети од земјава и регионот ќе учествуваат на научен конгрес “Science@FEEIT”

Обид за кражба во простории на објект на Општина Чаир каде се чувал изборен материјал

Приведен бугарски државјанин кој физички ја нападнал својата поранешна сопруга од Скопје