Утрински Весник
Македонија

Ова е телефонскиот број на кој може да му се јавите на министерот Таравари

Taravari 3.jpg

Министерството за здравство го објави телефонскиот број 072/899-001 на кој граѓаните ќе може да пријават проблеми и сугестии за работата на здравствените институции и персоналот.

„Министерството за здравство отвори директна телефонска линија за комуникација на граѓаните со министерот Таравари.

Граѓаните имаат можност да ги споделат своите предлози за здравствена заштита, да пријават неправилности, да упатат пофалби за работата на здравствените работници и да предложат идеи за реформи на телефонскиот број 072/899-001“, се истакнува во соопштението од Министерството.

Исто така, како што е наведено, граѓаните ќе имаат можност и за лична комуникација со министерот за време на отворениот ден, секоја среда од 13.30 – 16 часот.

Можете да прочитате

Промовирана иницијативата за зачувување, обновување и одржлив развој на Галичник

30 дневен притвор за Илчо Горѓиоски, пет лица во бегство

Кривична пријава против директор на детска градинка во Штип, го оштетил буџетот за над 120.000 евра