Утрински Весник
Магазин

Ова е избраникот на најубавата водителка Сања Кужет, на кого ну роди син (ФОТО)

Sanja Kuzet.jpg

Својот приватен живот го држи подалеку од очите на јавноста. Водителката Сања Кужет (40) пред неколку дена стана мајка , кога на свет донесе здраво момче.

Кузет за својот син го избрала името Вук, а својот приватен живот го чува во строга тајност, па и оваа вест дури се дозна неколку дена подоцна. Исто така, таа многу ретко на социјалните мрежи споделува приватни фотографии од својот живот, кои ги користи, како што еднаш спомена, само за работа.

Избраникот на Сања Кужет е Немања Живојиновиќ, маркетинг директор на автомобилска компанија кој не сака да се експонира во јавноста.

– Направив пресек меѓу приватниот и деловниот живот. Сите мои профили на социјалните мрежи се деловни, тоа е наша заедничка желба. Тој дел од животот е во нашите срца. Не би сакала да давам премногу од себе – изјави еднаш Сања Кужет за локалните медиуми.

Во продолжение погледнете како изгледа избраникот на Сања Кужет со која сега има дете. На својот профил има само една фотографија со него која е поставена лани кога прославиле 9 години од својата љубов.

Можете да прочитате

„Заедно знаеме повеќе“ – предавања за детска исхрана и научна работилница за деца

Митровденска задушница – спомен за починатите

ФБИ го уапси таткото на Меган Маркл – осомничен за поседување материјали со сексуална злоупотреба на деца