Утрински Весник
Македонија

„Отворен Балкан“: Потпишани договори за соработка во областа на обезбедување храна, киноматографија и цивилна заштита

„Отворен Балкан“: Потпишани договори за соработка во областа на обезбедување храна, киноматографија и цивилна заштита

Денеска во рамки на Самитот „Отворен Балкан“, ресорните министерства од Македонија, Србија и Албанија потпишаа договори и меморандуми за соработка.

dobivaj vesti na viber

На потпишувањето присуствуваа македонскиот премиер Димитар Ковачевски, претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Албанија Еди Рама.

Потпишани се договори за механизмите за обезбедување на храна во Западен Балкан помеѓу министрите за земјоделство на трите држави, Љупчо Николовски, Фрида Крифца, Бранислав Недимовиќ.

Исто така, потпишан е Меморандум за разбирање и соработка во областа на конематографијата и аудиовизуелните дејности помеѓу министрите за култура од Македонија Бисера Костадиновска-Стојчевска, од Маја Гојковиќ и од Албанија Елва Маргарити. Во рамките на Самитот Отворен Балкан беше потпишан и Оперативен план во областа на цивилната заштита помеѓу директорите на трите држави.

Овие договори и Меморандумот, уште повеќе ја зацврстуваат соработката на земјите од Отворен Балкан и нудат можност за зближување, зајакнување и обезбедување безбедна иднина за граѓаните на трите држави.

Можете да прочитате

ВЛЕН ги става младите во центарот на политичкото одлучување

Умереното консумирање кафе поврзанo со подобро ментално здравје

Средба Сали – Лосон, истакнато значењето на стратешкото партнерство со Обединетото Кралство