Утрински Весник
Култура

Отворање на архитектонска изложба: Нови индустрии на стари локации во МКЦ

Отворање на архитектонска изложба: Нови индустрии на стари локации во МКЦ

Во петок, со почеток во 20:00 часот во Галерија 2 во Младинскиот културен центар – Скопје ќе се отвори архитектонската изложба насловена „Скопје: нови индустрии на стари локации“.

dobivaj vesti na viber

Архитектонската изложба „Скопје: нови индустрии на стари локации“ е резултат на едногодишен научноистражувачки проект насочен кон мапирање, проучување, вреднување и промоција на напуштениот индустриски простор, како можност за иден економски, просторен и програмски развој на градот Скопје. Проектот го истражува и претставува процесот на ре-индустријализација во градот Скопје, кој иако има позитивна улога во регенерацијата и рационалното искористување на урбаниот простор, се случува во сенка на процесите на деиндустријализација и пренамена на индустриските локации за други неиндустриски намени кои имаат многу повидливо влијание на просторот. Целта на проектот е да го афирмира пристапот на обнова и повторно користење на овие локации за нови производни незагадувачки индустрии, во прилог на јавното добро и во корист на жителите на градот Скопје.

Учесници во научноистражувачкиот проект се: Горан Мицковски, раководител на проектот, Ана Ивановска Дескова, Јован Ивановски, Димитар Крстески, Теа Дамјановска, Mихајло Стојановски и Мила Гавриловска. Научноистражувачкиот проект е финансиран од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во реализација на Архитектонскиот факултет.

Изложбата ќе трае до 30 март, 2023 година.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“