Утрински Весник
Скопје

Отстранети повеќе диви депонии во скопските општини Кисела Вода и Центар

Viber Image 2024 11 27 18 30 03 566.jpg

Во текот на вчерашниот ден, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираа низа активности за отстранување диви депонии во скопските општини Кисела Вода и Центар.

Во општината Кисела Вода е интервенирано на улиците Невена Георгиева-Дуња и Димо Хаџи Димов, каде што се подигнати вкупно 20 кубни метри непрописно одложен мешан комунален, градежен и кабаст отпад.

ЈП Комунална хигиена-Скопје расчисти и неколку помали диви депонии во околината на Градскиот стадион, каде што се подигнати и транспортирани приближно 15 кубни метри отпад од јавни површини.

Воедно,  во текот на изминатава седмица, Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје  изготви седум едукативно-информативни записници за граѓани и правни субјекти затекнати при непрописно одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини во скопските општини Центар, Карпош и Чаир.  Во рамките на интервенциите на Еко-патролата,  од страна на сторителите беа отстранети вкупно 32 кубни метри непрописно одложен градежен отпад.

Можете да прочитате

Неколку скопски населби денеска без струја

Кисела Вода започнува акција за отстранување на хаварисани возила

Во Скопската Зоолошка градина одбележан Светскиот ден на лицата со Даунов синдром