Утрински Весник
Скопје

Отстранети 60 кубни метри отпад од диви депонии во Гази Баба, Чаир и Ѓорче Петров

Viber Image 2024 11 20 12 46 12 921 E1732267557395.jpg

Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 60 кубни метри отпад од неколку диви депонии лоцирани во скопските општини Гази Баба, Чаир и Ѓорче Петров.

Во општината Гази Баба се отстранети 15 кубни метри мешан комунален, кабаст и градежен отпад одложен на јавна површина на улицата Никола Киров Мајски во населбата Хиподром.

Во општината Чаир се подигнати приближно 20 кубни метри отпад од дива депонија лоцирана на улицата Кемал Сејфула, како и пет кубни метри отпад одложен на сообраќајна површина во непосредна близина на трговскиот центар „Мавровка“.
Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и вкупно 20 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани на улиците Лука Геров и Христо Батанџиев во скопската општина Ѓорче Петров.

Можете да прочитате

Град Скопје возвратија со реакција на денешната изјава на Трајко Славески

Славески: Арсовска треба да сноси одговорност за недоставениот предлог – Буџет за 2025

30 автобуси на ЈСП повторно не возат, немаат метан