Утрински Весник
Македонија

Отежнато движењето на возилата поради снегот на патниот правец Пробиштип – Страцин, села во кратовско од вчера немаат струја

Thumbnail Pat Golomrazica 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

На подрачјето на Општина Кратово од утринава има врнежи од снег. Висината на снежната покривка во градот на улиците и на регионалниот патен превец Пробиштип – Страцин е околу 5 см со што е отежнато движењето на возилата.

Не терен се излезени вработените на Јавното претпријатие Кратово и со трактор со корпа се чистат улиците во градот. Од ЈП Македонија пат-Пункт Страцин велат дека очекуваат да пристигне камион-чистач од Крива Паланка и ќе започнат со чистење на овој патен правец.

Во низинските села висината на снежната покривка е околу 5 см. и задолжителна е зимска опрема. Во планинските села односно на петниот правец Кратово-село Каврак висината на снежната покривка е од 15 до 25 см со што сообраќајот се одвива отежнато со теренски возила со зимска опрема.

Селата Трновец, Талашманци и Крилатица од вчера немаат електрична енергија и од ЕВН известуваат дека екипи се на терен за да го лоцираат дефектот.

Можете да прочитате

СДСМ бара ЈО да отвори предмет за тендерот од 1,2 милиони евра во Пошта

За Нова година ќе имаме екстремно ниски температури

Хаос во Италија: Масовна пресметка меѓу Македонци и Албанци заврши со апсења