Утрински Весник
Свет

Осуммина работници на брза помош загинале во израелски напади врз јужен Либан

20241118081846 Big 730x400 38.webp.webp

Во нападите на израелските сили врз јужен Либан загинаа осум лица кои работеле во Брзата помош, јави Ал Џезира.

Според извештаите, израелски авиони го бомбардирале центарот на Исламската здравствена установа во селото Араб Салим во провинцијата Набтије.

Либанската Влада и хуманитарни организации го обвинија Израел дека намерно ги гаѓа медицинските работници и вработените во Брзата помош во Либан, наведувајќи дека повеќе од 200 здравствени работници биле убиени во израелските напади изминатата година.

Израелски воени авиони викендов ги нападнаа јужните предградија на Бејрут, каде Хезболах има силни упоришта, откако армијата ги предупреди луѓето да се евакуираат од неколку згради.

Можете да прочитате

Трамп стигна во Британија, а лабораторијата GSK веднаш објави инвестиции од 30 милијарди долари во САД

Катар: Нетанјаху нема да остане неказнет

Орбан: Шведска се одјави од цивилизацијата, мафијата искористила 284 малолетнички за да извршат убиство