Утрински Весник
Скопје

Средба на Меџити – Бримора: Придонесот на Адолф Циборовски останува дел од идентитетот на Скопје

Img 5146.jpeg

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денес оствари средба со амбасадорот на Република Полска во Република Северна Македонија, Мариуш Бримаора, кој ја посети Општина Чаир по поставувањето на спомен-плочата посветена на истакнатиот полски урбанист и архитект Адолф Циборовски.

За време на средбата се разговараше за исклучителниот придонес на Циборовски во обновата на Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963 година, со посебен акцент на неговата заложба за зачувување на Старата скопска чаршија како еден од најзначајните симболи на урбаниот, историскиот и културниот идентитет на градот.

Меџити истакна дека оддавањето почит на личностите кои оставиле траен белег во развојот на Скопје претставува израз на благодарност, но и потврда на посветеноста за зачувување на заедничкото наследство и зајакнување на меѓународната соработка.

На крајот од средбата, градоначалникот Меџити му се заблагодари на амбасадорот Бримаора за посетата и за континуираната поддршка во унапредувањето на пријателските односи и соработката меѓу Република Северна Македонија и Република Полска.

Можете да прочитате

Општина Аеродром: За два месеца 400 тони отпад транспортиран во „Дрисла“

CENTAR NIGHT RUN- прво издание на ноќната урбана трка низ Центар

Ѓорѓиевски и Гоксу го пуштија новото осветлување на Камениот мост