Утрински Весник
Свет

Брод погоден во Ормутскиот теснец

Ormus.webp.webp

Карго брод е погоден од „непозната ракета“ во Ормутскиот теснец крај брегот на Оман, објави Агенцијата за поморски трговски операции на Обединетото Кралство (UKMTO).

Инцидентот се случил околу 37 километри североисточно од оманскиот град Хасаб, соопшти UKMTO, без да даде детали за штетата или повредите на екипажот, истакнувајќи дека истрагата е во тек.

Иранската влада бара бродовите низ Ормутскиот теснец да пловат по иранскиот брег, постојано нагласувајќи дека само рутата што ја одредува Техеран е безбедна.

Спорот околу навигацијата низ овој стратешки воден пат, клучен за испорака на нафта, гас и ѓубрива на светските пазари, стана главна пречка во конфликтот меѓу Иран и САД.

Можете да прочитате

ТВ станиците од пулот во Белата куќа го бојкотираат Трамп поради забраната на трите медиуми

Русија ја изгуби контролата врз дизелот, оваа војна мора да престане, смета Трамп

Полска сака да прими на своја територија 15.000 американски војници