Утрински Весник
Македонија

Осумдневен притвор за човекот кој ја каменуваше бугарската амбасада

615899702 1182216957422163 8630590751867432849 n.jpg

Судија на претходна постапка го прифати предлогот на јавниот обвинител и му одреди мерка притвор во траење од 8 дена на лицето кое ја каменуваше амбасадата на Бугарија во Скопје.

Ваквата одлука е донесена поради постоење на околности кои укажуваат на опасност од бегство, како и оправдан страв дека лицето може да го повтори кривичното дело.

Според наводите на обвинителството, осомничениот на 11 јануари, мотивиран од омраза, со камен го скршил стаклото на влезната врата на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје, по што веднаш побегнал.

Можете да прочитате

Родителите во паника, пожарникарите влегле преку тераса во Струмица, девојчето го нашле во длабок сон

Година и половина од трагедијата во „Пулс“ – родителите стравуваат од пуштање на сопственикот од притвор

Средба Мицкоски-Селф во Вашингтон: Разговори за зајакнување на партнерството со САД