Утрински Весник
Свет

Осум загинати во бомбашки напад во Пакистан

Осум загинати во бомбашки напад во Пакистан

Осум лица загинаа во бомбашки напад врз возилото на началникот на едно неталибанско село во Пакистан, соопшти полицијата.

dobivaj vesti na viber

Висок полицаец во областа Сват, Саид Кан, изјавил дека убиениот шеф на мировниот комитет на селото Идриз Кан бил во обиколка на областа кога експлодирала бомба покрај патот и удрила во возило.

Кан додал дека првичните извештаи укажуваат дека во нападот загинале пет лица, но подоцна било потврдено дека осум лица, меѓу кои и двајца полицајци, ги загубиле животите.

Одговорноста за нападот ја презеде пакистанската талибанска милитантна група позната како „Техрик Талибан Пакистан“, изјави нејзиниот портпарол Мохамад Курасани, пренесува АП.

Тој посочил дека убиениот шеф на мировниот кабинет пред неколку години ги поддржувал безбедносните сили.

Можете да прочитате

Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија

Путин потпиша закон за национализација на напуштени имоти во окупираните делови на Украина

Чешка доби нова влада – 24info.mk