Утрински Весник
Спорт

„Да не си ги одземам заслугите, но имав среќа што не играше Ѓоковиќ“

„Да не си ги одземам заслугите, но имав среќа што не играше Ѓоковиќ“

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз призна дека имал среќа да го освои Ју-ес опен, бидејќи Новак Ѓоковиќ не играл во Њујорк. Пред три дена Алкараз ја освои првата Грен слем титула во кариерата, во финалето на Ју-ес опен го совлада Норвежанецот Каспер Руд со 3-1 во сетови.

dobivaj vesti na viber

Младиот шпански тенисер во понеделникот го презеде првото место на АТП листата. Ѓоковиќ го пропушти последниот Грен слем турнир во сезоната, бидејќи актуелните правила во САД не дозволуваат невакцинирани странци да влезат во земјата.

„Не сакам да си ги одземам заслугите, но имав среќа што не играше Новак Ѓоковиќ. Ѓоковиќ не можеше многу да игра во последно време. Надал играше, но не цела година. Но, како што реков, не сакам да си ги одземам заслугите. Играв цела сезона, имав неверојатни натпревари и неверојатни турнири. Работев навистина напорно за да се случат вакви работи“, заклучи Алкарас.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина