Утрински Весник
Свет

Остин: САД ќе ја поддржуваат Украина сè додека е потребно

Остин: САД ќе ја поддржуваат Украина сè додека е потребно
Dik 300x250 mk

Американскиот министер за одбрана, Лојд Остин, денеска изјави дека ќе ја поддржува Украина онолку колку што е потребно и го претстави најновиот пакет на воена поддршка, кој го вклучува системот за воздушна одбрана „Патриот“, оклопни транспортери и големо количество муниција, но не и врвниот борбен тенк на американската армија, „М1 Абрамс“.

dobivaj vesti na viber

Остин, на состанокот на министрите за одбрана и началниците на генералштабовите на армиите на членките на НАТО и земјите партнери за понатамошната помош за Украина во воздухопловната база „Рамштајн“ во југозападна Германија, изјави дека „во турбулентно време можете да ги видите решителноста и единството на таа контакт-група“.

„Кога рускиот претседател Владимир Путин ја почна својата непромислена инвазија пред неколку месеци, мислеше дека светот ќе погледне настрана. Тој не сметаше на храброста на украинскиот народ“, рече Остин, пренесува Би-би-си.

Тој рече дека неколку земји од Европската Унија продолжуваат да помагаат во вооружувањето на Украина. Тој изјави дека Германија ќе го обезбеди системот за воздушна одбрана „Патриот“, а помагаат и други земји, меѓу кои Франција, Канада и Полска.

Плановите на Германија да испрати помош во Украина забележаа уште едно забележително отсуство на нивниот главен борбен тенк „Леопард 2“.

Берлин досега одбиваше да даде дозвола, првично укажувајќи дека тоа ќе го стори само доколку САД испратат тенкови „Абрамс“.

„Ова е клучен момент за Украина. Русија се прегрупира и регрутира. Ова не е време за забавување. Украинскиот народ нè гледа, Кремљ нè набљудува и историјата нè набљудува“, рече Остин на отворањето на состанокот, пренесе „Денес.рс“.

Можете да прочитате

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

Над 30 повредени откако бил испуштен иритирачки гас во германско училиште

СЗО ќе вакцинира 44.000 деца во Појасот Газа