Утрински Весник
Спорт

Останаа уште осум натпревари до светскиот шампион – вечерва стартува четвртфиналето

738828935 1035778458810707 626658764173176332 n.jpg

Светското првенство во фудбал влегува во својата највозбудлива фаза. До крајот на Мундијалот остануваат уште осум натпревари, а вечерва со дуелот меѓу Франција и Мароко официјално започнуваат четвртфиналните пресметки.

Натпреварот ќе се игра во Бостон со почеток во 22 часот. Иако Франција, светскиот шампион од 2018 година, важи за фаворит, Мароко повторно е во улога на потенцијален изненадувач, откако со одличните настапи на турнирот покажа дека може да се носи и со најсилните селекции.


Победникот од ова четвртфинале ќе обезбеди место во полуфиналето, каде ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу Шпанија и Белгија, кој е закажан за утре во Лос Анџелес.

Во другата половина од ждрепката ќе се одигра уште една европска пресметка. Во Мајами силите ќе ги одмерат Норвешка и Англија, а победникот ќе игра против подобриот од натпреварот меѓу актуелниот светски шампион Аргентина и Швајцарија.

Во борбата за светската титула останаа осум репрезентации, од кои дури шест се од Европа, една е од Јужна Америка – Аргентина, и една од Африка – Мароко, што уште еднаш ја потврдува доминацијата на европските селекции на годинашниот шампионат.

Полуфиналните натпревари ќе се играат на 14 и 15 јули, мечот за третото место е закажан за 18 јули, додека големото финале ќе се одигра на 19 јули на стадионот во Ист Радерфорд.

Можете да прочитате

Меѓународен џиу-џица турнир „Скопје Опен 2026“ во Општина Илинден

Алкараз спаси две меч-топки и обезбеди полуфинале на Мастерсот во Париз

Јапонецот Ташима има намера да се кандидира за претседател на ФИФА