Утрински Весник
Македонија

Османи утре во Подгорица на министерски состанок на САД-Јадранска Повелба

Дипломатскиoт синдикат го обвини Османи за евтино политиканство и самопромоција

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, утре, во Подгорица, ќе учествува на министерскиот состанок на САД-Јадранската Повелба, што претставува и завршна активност во рамки на црногорското претседавање со Повелбата.

dobivaj vesti na viber

На состанокот предвидено е да се дискутира за стабилноста на Регионот во контекст на актуелната безбедносна состојба, влијанието и последиците од руската агресија во Украина и начините за надминување на истите.

На состанокот во Подгорица, Македонија ќе го преземе претседавањето со САД – Јадранската Повелба. Нашата земја со Повелбата ќе претседава наредната година, кога се одбележува и 20 годишнината од основањето на оваа регионална организација.

Можете да прочитате

Сменети 15 полициски раководители во Србија по заплената на марихуана од Македонија

Николоски: Новиот оператор „4iG“ во Македонија ќе ја користи сателитската мрежа на Илон Маск

Апелација му изрече 19 месеци затвор на Мухамед Зеќири