Утрински Весник
Македонија

Османи: Лага е дека имало предлог за моја смена и тоа не заслужува никаков коментар

Османи: Лага е дека имало предлог за моја смена и тоа не заслужува никаков коментар
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

За министерот Бујар Османи, информацијата дека имало предлог за негова смена за да се смират партиските страсти по реакциите на неколку функционери, е лажна вест која не заслужува да ја коментира.

dobivaj vesti na viber

– Лага е дека имало предлог за моја смена и тоа не заслужува никаков коментар посебно кога настапувам како министер. Во однос на отвореното писмо од група членови на ДУИ ќе кажам само дека имаме голема внатрепартиска демократија и секој може да си го каже својот став, но дека последниот збор го има лидерот Али Ахмети. А со вчерашната изјава на Ахмети оваа приказна е завршена – рече османи на брифингот во МНР.

Истакнати членови на ДУИ меѓу кои Муса Џафери. Изет Меџити и Блерим Беџети во отворено писмо побараа дебата и го повикаа лидерот Али Ахмети да го искористи својот авторититет и статутарно право да го зачува партиското единство, но без Артан Груби кого го обвинуваат за состојбите во партијата.

Ахмети вчера од Тетово истакна дека ДУИ може да функционира без било кој поединец во партијата, вклучувајќи го и него како лидер затоа што ДУИ е национална инвестиција во која нема место за анархија.

Можете да прочитате

УХМР: До крајот на неделата променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

СДСМ: Има некоја Алта врска, доцна е за оградување од СНС

40годишна жена обвинета за прегазувањето пешак во Волково