Утрински Весник
Спорт

Македонија е 53. на ФИБА листата

Македонија е 53. на ФИБА листата

Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) објави нова ранг листа по завршувањето на Евробаскетот, Азискиот куп и Купот на Америка. Репрезентацијата на Македонија назадуваше за едно место, се наоѓа на 53.позиција во светот, односно на 28. позиција во Европа. Од регионот најмногу напредуваа Црна Гора и Босна и Херцеговина, Србија ја задржа истата позиција, а Хрватска назадуваше за три места.

dobivaj vesti na viber

На првите три позиции воопшто немаше промени. Селекцијата на САД и натаму е прва, а по неа е Шпанија, додека Австралија е трета. Следува Аргентина, која напредуваше за три места, а потоа следи Франција, која падна за едно место.

И по Евробаскетот, Србите се на шестото место, а зад нив се Словенците кои паднаа за две позиции по Евробаскетот.

Во Топ 10 се уште и Литванија, Грција и Италија.

Репрезентацијата на Црна Гора напредуваше шест позиции и сега е 18. во светот, додека Хрватска падна за три места и сега е на 23. место.

Екипата на Босна и Херцеговина „скокна“ осум места и се наоѓа на 37.место во светот.

Фото/ kfsm.mk/

Можете да прочитате

Верстапен реагира на условите и правилата на спринт трките во Ф1

Затворски казни до 12 години побарани за медицинскиот тим на Марадона

Вардар ја пречекува Висла во обид да дојде до првите бодови сезонава во ЛШ