Утрински Весник
Македонија

Платформата 12:05 ги достави предлозите за структурни промени во СДСМ

Img 5210.jpeg

Платформата „Разговори за иднината во 12:05“ денеска соопшти дека предлозите за структурни промени во СДСМ се доставени во партиската архива на „Бихаќка“.

Како што информираат од Платформата, предлозите ги доставиле Игор Ивановски, Славјанка Петровска и Коста Начевски, со очекување раководството на партијата да ги разгледа и во разумен рок да преземе конкретни чекори.


„Се надеваме дека овие предлози ќе стигнат на адресата на оној кој може да ги разбере. Во интерес на иднината на партијата и државата е во разумен рок да се преземат конкретни чекори за враќање на партијата на членството“, се наведува во соопштението.

Од Платформата 12:05 порачуваат дека со доставувањето на предлозите преминуваат кон конкретна акција за промени во СДСМ.

„На хистеријата одговараме со предлози, на инертноста со конкретна акција, на безидејноста со прецизен план“, порачаа од Платформата.

Соопштението го завршуваат со пораката и хаштагот „За СДСМ со срце и душа“.

Можете да прочитате

ВЛЕН: Тетово се менува со дела, модерниот стадион добива форма

Во рамки на оперативната акција „Чистач“ приведени три лица од Скопје за уцена и закани, барале 10.000 евра од жител на Делчево

Штерјова: Сè е фарса, ја пуштија Михаилова сега глумат дека ја бараат – Мицкоски го штити Тошковски