Утрински Весник
Македонија

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром

20261002123431 big 730x400 52.webp.webp

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцински денеска на скопскиот аеродром ја пречека  претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

-Добредојде во Скопје за претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Денеска во Скопје ја пречекав претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен – објави Муцунски на Фејсбук.


Шефот на дипломатијата нагласи дека посетата е силна потврда за европската ориентација, посветеноста на Владата на реформските процеси, целосната усогласеност со Заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија и јасната определба за напредок во европската интеграција.

-За нас е важен јасен, кредибилен и предвидлив процес. Пред нас се конструктивни средби, со фокус на натамошниот напредок. Европски вредности, реформи, силни институции и конкурентна економија – за подобар живот на граѓаните – истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија.

Фон дер Лајен доаѓа во официјална посета на Скопје како дел од нејзината турнеја низ земјите од Западен Балкан.

Како што соопшти владината прес-служба, Фон дер Лајен ќе има тет-а-тет средба со премиерот Христијан Мицкоски, по која ќе одржат заедничка прес-конференција во Медија центарот на Владата.

Можете да прочитате

Платформата 12:05 ги достави предлозите за структурни промени во СДСМ

„Ново ВЛТ“ не почнало со работа поради законски пречки – сведочеше директор во „Државна лотарија“

Иловица–Штука меѓу напредните рударски проекти во земјава, рударството бележи пад од 10,1%