Утрински Весник
Македонија

Османи и Ковачевски ќе учествуваат на Генералното собрание на ОН во Њујорк

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во придружба на претседателот на Владата Димитар Ковачевкси, во периодот 19 – 24 септември ќе учествува на 77-та сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, во Њујорк.

dobivaj vesti na viber

За време на престојот во Њујорк, Османи ќе учествува на трансатлантска вечера на министрите за надворешни работи на НАТО, организирана од страна на државниот секретар на САД, Антони Блинкен. Воедно, ќе присуствува на состанокот на Јадранската Повелба А5, како и на состанокот организиран од Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) и Советот за регионална соработка. Покрај тоа, Османи ќе земе учество и на средбата на земјите на Централно-Европската иницијатива (ЦЕИ) и на други важни меѓународни форуми за соработка.

Исто така, на маргините на овогодишното Генерално собрание, Османи ќе оствари бројни билатерални средби со свои хомолози од земјите членки на ЕУ и од земјите учеснички и партнери на ОБСЕ, во контекст на нашето претседавање со оваа организација, како и со високи претставници од Стејт Дипартментот на САД, а ќе ја искористи приликата да оствари средба и со претставници на нашата дијаспора.

Можете да прочитате

Мицкоски повикува на национално единство откако претходно се испокара со пола коалициски партнери

Јовановски бара повторување на постапката за „Рекет“

Успешна е денталната операција – транспозиција на нерв, извадена од врвен хируршки тим