Утрински Весник
Македонија

Османи го осуди нападот на секретарот на клубот „Цар Борис Трети“

Османи: Низ дебатите да разграничиме, каде почнува партискиот, а каде завршува интересот на државата

Министерот за надворешни работи Бујар Османи го осуди синоќешниот напад врз секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид и рече дека никој не смее да биде нападнат поради чувство на припадност.

dobivaj vesti na viber

„Напаѓачите се идентификувани и очекувам наскоро да бидат изведени пред лицето на правдата. Најголемиот квалитет на оваа земја е мултиетничката толеранција и полотување на вредностите на другите и нема да дозволиме никој да го загрози она што го постигнавме.
Очекувам веднаш по оваа прес-конференција да го посетам повредениот охриѓанец. Се работи за државјанин на Република Северна Македонија и во оваа прилика баш никој не смее да биде нападнат поради чувство, ставови и идентитет. Мора храбро да реагираме и посебно институциите да преземат мерки ваков настан да не се случи повторно“, порача Османи на прес-конференцијата во МНР.

Орце Костов

Можете да прочитате

Петровска ги посети војниците кои се дел од силите на НАТО во Бугарија

Министерот за внатрешни е против законот за амнестија

Ковачевски во посета на Дојран