Утрински Весник
Економија

Ослободување од царина за увоз на смрзнато свинско месо бараат месопроизводителите

Ослободување од царина за увоз на смрзнато свинско месо бараат месопроизводителите

Групацијата за преработка на месо и производи од месо при Стопанската комора донесе заеднички став во врска со најавите за намалување на цените од Владата и бара од неа да донесе антикризна мерка за ослободување од царината за увоз на смрзнато свинско месо.

dobivaj vesti na viber

„Свесни дека кризата ја намали куповната моќ на граѓаните, тие отпочнуваат акција за купување на домашни, квалитетни и евтини месни производи достапни за сите. Да го зголемиме консумирањето на домашното производтво. Во моментов државата учествува со минимум 35% во цената на нашите производи. За да се намали од 10 до 15% потребно е да се донесе антикризна мерка за ослобудваањее на царината за увоз на смрзнато свинско место наменето за преработка која беше на сила четири години и престана да важи во јуни годинава, што беше причина за зголемување на цените а нас не направи неконкурентни на пазарот.
Затоа што готовите производи од конкуренцијата на увозот влегуваaт без давачки а ние плаќаме големи давачки. Ние се обврзуваме да произведеме квалитетни производи за секој граѓанин. За говедското и пилешкото сме ослободени од давачки и тие зависат од цените на светскиот пазар“, велат од Групацијата.

Орце Костов

Можете да прочитате

Надворешен долг, побарувања и меѓународна инвестициска позиција во четвртото тримесечје од 2023 година

Одржана седница на Советот на Народната банка: Во вториот квартал од 2025 година стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот ќе остане 1,5%

Битиќи: На ВМРО-ДПМНЕ им е непријатно кога гледаат како платите растат