Утрински Весник
Спорт

Јошко Миленкоски и следната сезона ќе го предводи ПАОК

Јошко Миленкоски и следната сезона ќе го предводи ПАОК

Селекторот на одбојкарската репрезентација на Македонија, Јошко Миленкоски, и следната сезона ќе остане на клупата на грчкиот клуб ПАОК. Тој денеска во Солун потпиша нов едногодишен договор со тимот што го освои Купот на Грција.

dobivaj vesti na viber

„Имав неколку понуди, размислив и одлучив да продолжам со ПАОК. Навивачите одлично ме прифатија, имам одлична соработка со сите во клубот, блиску сум до дома, а тоа се фактори коишто беа доволни за да го продолжам ангажманот во Грција”, вели предводникот на македонската одбојкарска репрезентација.

Тој веднаш им се враќа на обврските со националниот тим, следните предизвици во Златната Европска лига.

Можете да прочитате

Ѓоковиќ до Синер: Добредојде во клубот

Убедлива победа и нов мундијалски сон: Македонија обезбеди место на СП 2027

ФФМ отвори дисциплинска постапка против ФК Вардар за навредливо и недолично однесување