Утрински Весник
Свет

Орбан пристигна во Киев, ден откако Унгарија го презеде претседателството со ЕУ

Viktor Orban.jpg

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска пристигна во посета на Киев, негова прва од почетокот на војната во Украина, каде ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Посетата на Орбан следи еден ден откако Унгарија го презеде претседавањето со ЕУ.

Орбан ќе се сретне со Зеленски и други високи претставници во Киев само неколку дена откако двајцата разговараа на самитот на ЕУ во Брисел.

Како што пренесуваат странските агенции, Орбан, кој е најблискиот сојузник на рускиот претседател Владимир Путин меѓу лидерите на ЕУ, често се спротивставува на многу иницијативи на Брисел за поддршка на Украина во одбраната од руските напади.

Оваа година, по неколкунеделно противење, Унгарија заедно со другите членки на ЕУ ја поддржа помошта од 50 милијарди евра за Украина.

ЕУ ги отвори преговорите за членство со Украина минатата недела. 

Можете да прочитате

Тело на новороденче пронајдено во канта за ѓубре, уапсени маж и жена во Лондон

Трагедија во Швајцарија: Три лица настрадаа кога се урна скеле на зграда висока 60 метри

Во близина на Москва се урна патнички авион, загинаа три лица