Утрински Весник
Свет

Орбан: Европа ископа јама на Русија, во која и самата падна

Орбан: Европа ископа јама на Русија, во која и самата падна

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека санкциите на Брисел против Москва не ги исполниле очекувањата и дека Европа паднала во дупката што ја ископала за Русија.

dobivaj vesti na viber

„Санкциите не функционираа како што очекуваше Брисел кога беа воведени. Дојдовме до план да им ископаме дупка на Русите, а потоа паднавме во неа“, рече Орбан, пренесува ТАСС.

Во интервју за унгарското радио Кошут, Орбан изјави дека на последниот самит на ЕУ се зголемиле тензиите меѓу земјите-членки, но и дека сè погласни се барањата за мирно решение на украинската криза, пренесува МТИ.

Можете да прочитате

Мерц вети соработка со идниот француски претседател, без оглед на изборниот исход

Американската војска тврди дека уништила набљудувачка кула во иранското пристаниште Чабахар

Земјотрес од 7,4 степени регистриран крај брегот на Мексико во близина на Гватемала, издадено предупредување за цунами