Утрински Весник
Македонија

МОН: Ќе се преиспита содржината на учебникот по историја за 7-мо одделение

МОН: Ќе се преиспита содржината на учебникот по историја за 7-мо одделение

Комисија формирана со одлука на министерот за образование и наука ќе ја преиспитува содржината на учебникот по историја за 7-мо одделение, откако до министерството пристигнаа повеќе претставки дека одредени податоци и информации кои се објавени во учебникот не соодветствуваат со научната реалност.

dobivaj vesti na viber

Во законски утврден рок од 10 дена, Комисијата има обврска до министерот да достави предлог за повлекување на учебникот, доколку членовите констатираат дека претставките се основани. Во зависност од обемноста на материјата која треба да се преработи, ќе биде донесена одлука за корекција на постојниот или за израбока на целосно нов учебник по соодветниот предмет.

МОН и другите надлежни институции ќе продолжат да работат на подобрување на содржината на учебниците кои се користат во основното и средното образование и во целиот процес и понатаму ќе биде вклучена јавноста, односно граѓаните кои имаат можност да доставуваат коментари, сугестии и забелешки за учебниците на електронската адреса [email protected]

 

Можете да прочитате

Сведок на судењето за „Лотарија“: Управниот одбор на Лотарија не донел конкретна одлука за набавка на ВЛТ-терминалите

Грција со силна поддршка за реформите во праводуството и европската интграција на Македонија

Уапсени 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, седум возеле без положен возачки испит