Утрински Весник
Свет

Орбан: Брисел не сака мирно решение во Украина

Orban 1.jpg

Унгарија е за преговори и дипломатско решение на конфликтот во Украина, додека плановите на ЕУ да издвои 50 милијарди евра за Киев може да се сметаат за дел од военото решение, на што се противи Будимпешта, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Во интервју за францускиот магазин „Пуа“/Ле Поинт/ тој нагласи дека Унгарија „има целосно право да се спротивстави на предлозите на ЕУ“.

-Не го поддржувам тој предлог, кој не му се допаѓа ниту на унгарскиот народ. Унгарија има целосно право да се спротивстави на предлозите на ЕУ. На Европејците им требаат тие пари. Нашите економии ги трпат последиците и тие средства треба да поминат долг пат за да им помогнат на луѓето во Европа – Французите, Германците, Унгарците, Полјаците – рече Орбан.

Според него, конфликтот во Украина може да се реши само со преговори и нема воено решение за украинската криза.

-Со време сфативме дека нема воено решение за Украина. Сметаме дека дипломатијата е единственото решение. Тоа значи примирје и мировни преговори – истакна Орбан.

На Самитот на ЕУ што се одржа во Брисел на 14 и 15 декември, Орбан ги блокираше амандманите на буџетот на Унијата за периодот од 2024 до 2027 година, со кои се предвидува издвојување на 50 милијарди евра за Украина.

Наместо тоа, Орбан предложил годишно да се испраќа помош во Киев, која ќе биде строго контролирана, пренесува Срна.

Европските лидери ќе разговараат за ова прашање на самитот во четврток, 1 февруари.

Можете да прочитате

САД се длабоко загрижени поради законот за „странски агенти“ на Грузија

Зеленски се обрати до нацијата: Се браниме кај Харков, во Доњецк е исклучително тешко

Хамас потврди дека починал уште еден од заложниците киднапирани за време на нападот врз Израел