Утрински Весник
Македонија

Џафери ги определи замениците на претседателот на Влада

30012024 Vrsm Vladina Sednica 4.jpg

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, на првата седница на новоизбраниот владин состав, ги информираше членовите на Владата дека за заменици на претседателот на Владата ги определи:

– м-р Бојан Маричиќ, за прв заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за европски прашања;

– д-р Артан Груби, за заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за координација на политички прашања на ресорите и министер за политички систем и односи меѓу заедниците;

– Фатмир Битиќи, за заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори и инвестиции и

– м-р Славица Грковска, за заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжена за политики на добро владеење.

Можете да прочитате

Борисов: Мицкоски го повикувам да престане да зборува, завршија изборите !

Укината пресудата на докторот за пожарот во ковид-болница во Тетово

(МАПА НА ОЧЕКУВАНИ ТЕМПЕРАТУРИ ПО ГРАДОВИ НИЗ МАКЕДОНИЈА ЗА ВРЕМЕ НА ОВОЈ ВИКЕНД) Погледнете колку ќе изнесува температурата во вашиот град