Утрински Весник
Свет

Џорџ Буш: Зеленски е „тврд човек“ кој може да победи во војната против Русија

Џорџ Буш: Зеленски е „тврд човек“ кој може да победи во војната против Русија

Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Џорџ Буш, го нарече украинскиот лидер Володимир Зеленски „тврд човек“ кој може да победи во војната против Русија.

dobivaj vesti na viber

Меѓутоа, Буш истакна дека Зеленски тоа може да го направи само додека САД и „слободниот свет“ не стигнат до точка кога веруваат дека повеќе не вреди да се поддржува Украина.

Буш рече дека верува оти историјата ќе му суди на Зеленски „како извонреден лидер“ и додаде дека е важно Соединетите Американски Држави да продолжат да ја поддржуваат борбата на Украина против Русија.

– Неуспехот во Украина ќе влијае на идните генерации Американци. Нестабилна Европа, Европа во која тиранин е на марш, ќе влијае на нашата национална безбедност – рече Буш,пренесе Аваз.ба.

Можете да прочитате

МААЕ пријави три напади со беспилотни летала врз нуклеарната централа Запорожје

Зеленски: САД го информираа Киев за состаноците во Москва

Ново предупредување од опасност од поплави во Непал