Утрински Весник
Македонија

Општина Охрид ќе донира милион денари за настраданите семејства од пожарот во Кочани

Opstina Ohrid .jpg

Советот на Општина Охрид денеска на вонредна седница донесе одлука за одобрување финансиска помош во износ од милион денари за семејствата на настраданите и повредените лица во пожарот во Кочани.

Како што појасни градоначалникот Кирил Пецаков, во издвоените средства е вклучена и сумата што беше наменета за традиционалната Ифтарска вечера која поради трагичниот настан во Кочани оваа година нема да се организира.


Одлуката и тие средства да бидат пренаменети за финансиска помош за семејствата на настраданите и повредните во пожарот во Кочани е донесена со претходна изразена согласност од страна на Исламската верска заедница од Охрид.

Определената финансиска помош од Охрид ќе биде уплатена на сметката за солидарна помош при Црвениот крст на Македонија. Финансиските средства ќе бидат исплатени од Буџетот на Општина Охрид.

Градоначалникот Пецаков и оваа прилика ја искористи за во негово лично и во име на охриѓани да изрази најдлабоко сочувство до семејстата на настраданите, а на повредните да им посака побрзо оздравување.

Можете да прочитате

Перински: Сирера системот е основа за ефикасност и транспарентност во спроведувањето на политиката за рамномерен развој

До сабота (5 април) релативно топло со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер!

Неколку села во Македонска Каменица ќе останат без струја, бил оштетен далеководот при сечење на дрва