Утрински Весник
Скопје

Општина Гази Баба одбележа 48 години од своето постоење

465072349 581028777642375 4919287971378413426 N.jpg

По повод 3 Ноември, Денот на општина Гази Баба се оддржа свечена академија на која се обрати градоначалникот Бобан Стефковски.

Во обраќањето пред присутните, градоначалникот Стефковски се осврна на постигнатите резултати во изминатите три години од неговиот мандат, како и за плановите за престојната година.

“За да може да се направи разлика и да се даде оценка на времето кое е сега зад нас, потребно е да се вратиме на почетокот во 2021 година кога го добив мандатот за градоначалник.

Во моето обраќање на одбележувањето на денот на општината во 2021 година најавив нов почеток за Гази Баба базиран на четири постулати:

Да нема населено место во Општина Гази Баба без чиста вода за пиење;

Да изградиме нови училишни спортски сали и нова училишна зграда за општинското основно училиште Крсте Мисирков,

Да изградиме детски градинки за дечињата од Инџиково, Керамидница, Трубарево и Сингелиќ,

Да изградиме спортски терени и детски катчиња во сите населени места.

Најдобриот начин да ја предвидите иднината е истата да ја креирате. Пред 3 години кога ги поставив овие четири постулати, одлучив на себе да го превземам товарот за конечно да ги решиме децениските проблеми и да отвориме едно ново подглавје за нашата Гази Баба.” – истакна Стефковски.

Осврнувајќи се на состојбата денес, после три години од неговиот мандат градоначалникот Стефковски ги образложи реализираните проекти во секој од четирите постулати зад кој застанал во првата година од својот мандат.

“Заклучокот е едноставен: пред 3 години зборував за постулати, а вечерва зборувам за дела! Покажавме дека само со одговорна, чесна и посветена работа можат да се создадат дела.” – заклучи градоначалникот Стефковски.

Можете да прочитате

Поради дефект утре без вода овие делови од главниот град

Кирков: Кумата на хаосот, Арсовска, го води Скопје кон целосен мрак, не поднесе предлог буџет за 2025

Подигнати 75 кубни метри отпад од диви депонии во скопските општини Чаир и Кисела Вода