Утрински Весник
Македонија

Опозицијата тврди дека Ковачевски и Груби не можат да убедат десет свои пратеници да гласаат за уставните измени

Ковачевски: Не е точно дека некои пратеници од СДСМ нема да ги поддржат уставните измени
Ss2

Премиерот Димитар Ковачевски не кажува дали три пратеници Социјалдемократскиот сојуз од 1 и 2 изборна единица рекле дека нема да поддржат вакви уставни измени, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

dobivaj vesti na viber

Од партијата наведуваат дека Ковачевски молчи и дали 6 пратеници од внатрешноста му кажале оти гласањето на уставните измени е најлошата работа која Владата може да ја направи.

300x250 (7)

„Ковачевски знае дека нема поддршка за своите политики.

Во СДС има луѓе кои ја сакаат државата, и не се спремни на отстапките и лоши политики кои ги води врвот на партијата. Ковачевски го знае ова и затоа е голема и паниката.

Уште поголема е паниката, затоа што и еден пратеник на ДУИ побарал пари за да гласа за уставни измени.

Ковачевски и Груби се соочуваат со реалноста, ветија работи спротивни на народната волја, и сега ги гледаат последиците“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Ss1

Можете да прочитате

Спасовски: На крвавиот 27 април не се повлековме, нема да се откажеме од Македонија ниту на 8 мај!

Мицкоски: Бранот на промени ќе ја порази оваа власт

Битиќи: На 8 мај гласовите се бројат од нула