Утрински Весник
Македонија

Опожарени околу 30 хектари житни култури во две светиниколски села

Image 2026 06 23 165732500.png

Во Светниколоско опожарени се околу 30 хектари житни култури.

Секторот за внатрешни работи (СВР)-Штип денеска информираше дека вчера околу 16:00 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека  помеѓу селото Немањици и село Ерџелија, Свтиниколско, настанал пожар во кој била зафатена површина од околу 25 до 30 хектари житни култури, сопственост на повеќе физички лица.


Во соопштението се наведува дека од Територијалната противпожарна едница (ТППЕ)- Свети Николе и екипа од ЈП Национални шуми пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Свети Николе.

Можете да прочитате

Малиш Саздовска: Затворите наместо да ги поправат осудениците, можат да ги претворат во уште поголеми криминалци

Малиш Саздовска: Терористичките организации регрутираат млади преку интернет, повратниците од воиштата се сериозен безбедносен ризик

Малиш Саздовска: Заканата од ИСИС и Ал Каида во Македонија е постојано присутна, службите успешно ги спречуваат ризиците