Утрински Весник
Култура

Операта „Рита“ од Гаетано Доницети во Националната опера и балет

Операта „Рита“ од Гаетано Доницети во Националната опера и балет

Комичната опера во еден чин „Рита“ од Гаетано Доницети ќе биде изведена на малата сцена во Националната опера и балет, во среда на 21 септември со почеток во 20 часот.

dobivaj vesti na viber

„Рита“ е приказна за младата и убава Рита, вплеткана во сплетките и интригите на брачните недоразбирања со комичен и среќен завршеток.

Диригент е Бисера Чадловска, режисер е Трајко Јордановски, сценографијата и костимите се на Марија Ветероска, а концерт мајстор е Јане Бакевски.

Солистичката екипа ја сочинуваат: Ана Ројдева, Јане Дунимаглоски, Васко Здравков, Борко Биџовски.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“