Утрински Весник
Македонија

Опасно до крајот на денот, невреме со пороен дожд и грмежи

Nevreme.png

Максималните температури денес беа 20 Попова Шапка, 22 Лазарополе, 24 Маврови Анови, 25 Тетово, Крушево, 28 Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, 29 Скопје-Петровец, Берово, Претор, 30 Охрид, 31 Прилеп, 32 Битола, Штип, Виница, 33 Струмица, Демир Капија, 34 Кавадарци, Велес, велат од УХМР.

Наврнат воден талог за изминатите 9 часа до 17 часот (во l/m 2 ) 11 Охрид, 9 Лазарополе, Битола, 6 Маврови Анови, 5 Крушево, 4 Ѓуриште, 3 Претор, Прилеп, 2 Демир Капија, Тополчани, 1 Крива Паланка, Максималните температури денес беа 20 Попова Шапка, 22 Лазарополе, 24 Маврови Анови, 25 Тетово, Крушево, 28 Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, 29 Скопје-Петровец, Берово, Претор, 30 Охрид, 31 Прилеп, 32 Битола, Штип, Виница, 33 Струмица, Демир Капија, 34 Кавадарци, Велес, велат од УХМР.

Наврнат воден талог за изминатите 9 часа до 17 часот (во l/m 2 ) 11 Охрид, 9 Лазарополе, Битола, 6 Маврови Анови, 5 Крушево, 4 Ѓуриште, 3 Претор, Прилеп, 2 Демир Капија, Тополчани, 1 Крива Паланка, Берово, Велес, Кавадарци.

Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на
дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Времето денес беше променливо облачно, од пладне со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Дуваше слаб до умерен, а наместа засилен ветер од југозападен правец. Во Скопско ветерот достигнуваше брзина над 40, во Крива Паланка и Штип над 50, а во Пелагонија над 70 km/h. Доцна попладнево нестабилно беше претежно во јужните делови со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и локална појава на град.

Времето до крајот на денот ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер (над 70 km/h) и појава на град.

Во Скопската Котлина ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер (над 70 km/h) и појава на град.

Можете да прочитате

Премиерот Мицкоски и Љутков на Промоција на целосната санација на Музеј на вода, Наколна населба во Заливот на Коските

Расветлени се мотивите за дел од случаите со пожарите кои настанаа изминатиот период, откри Тошковски

НОВ ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА: Во Македонија температурите во пораст!