Утрински Весник
Македонија

Лоцирана поранешната ограда на Владата – се наоѓа во незавидна состојба, вели новиот директор на СОЗР

Fb Img 1719938289905.jpg

„Денес Владата ја задолжи Службата за заеднички и општи работи да ја врати оградата која беше поставена околу владината зграда, но насилно извадена од страна на претходната власт и заменета со дотраени полициски огради наменети за разбивање на граѓански собири.
Оградата е лоцирана и истата е во незавидна состојба, што може да се види и од фотографиите. Она што е посебно фрапантно е акутната негрижа кон државниот имот“, напиша на социјалните мрежи Ивица Томовски, новиот директор на СОЗР.

„СОЗР ќе направи напори со сопствени сили да ја стави оградата на нејзиното вистинско место во најкус период“.

Можете да прочитате

Запленети возила, цигари, облека: Царинската управа спречи обиди за криумчарење на разна стока

Расчистени шест тешки кражби во радовишко, сторителот приведен, следува кривична пријава

Педофил избеган од „Идризово“ уапсен во Скопје