Неодамна беше ослободен осудениот педофил Гери Глитер, а сега се појави видео како разговара на телефон и кажува реченица која загрижи многумина.
На најновата снимка објавена од британскиот Сан, Глитер се гледа како разговара со некого и го прашува кој пребарувач да го користи, а исто така наводно ја споменува и дарк-веб.
На видеото се слуша како го прашува пријателот: „Дали да се ослободам од овој Дак-дак“, на што пријателот одговара „Да, не би се мачел да го користам тоа да сум на твое место“.
Гери потоа го прашал што да прави тогаш.
„Ова е крајно вознемирувачко. Јасно е дека се обидува да пристапи до материјали до кои не треба да има пристап“, вели поранешен полицаец кој ја основал единицата за борба против педофилите на британската полиција.
Глитер беше ослободен минатиот месец откако отслужи половина од казната. Тој е осуден за сексуално злоставување на три девојчиња, како и за педофилски фотографии пронајдени на неговиот компјутер.
Тој беше уапсен во 1997 година, откако кај него беа пронајдени 4.000 фотографии од злоупотреба на деца.
Disturbing footage, obtained by The Sun on Sunday, shows Glitter, who has never shown remorse, discussing which search engines to use and referring to accessing the Dark Web.
In the video, he asks a pal: “Shall I get rid of this Duck Duck?”
https://t.co/qhvcMzY5OR— Terry Williams (@KennyandHattie) March 11, 2023