Утрински Весник
Македонија

Онколошки пациенти протестираа пред Обвинителството: бараат имиња и презимиња на инволвираните во кражбата на лекови

Онколошки пациенти протестираа пред Обвинителството: бараат имиња и презимиња на инволвираните во кражбата на лекови

„Сакаме имиња и презимиња за ние пациентите да не се сомневаме во чесните доктори“. Ваква порака испратија денес група онколошки пациенти кои се собраа на протест пред Обвинителството.

dobivaj vesti na viber

„Ние пациентите сакаме да се знае вистината. Кога овој бизнис почнал, кој допрел со прст до овој бизнис. Кои луѓе биле инволвирани, кои лекарства биле инволвирани. Ако треба да се оди и до 20 години наназад и сите 13 министри за здравство нека бидат викнати, сите поранешни директори. Да се осигураме дека нема да се случи повторно ваков скандал“, рече пациентка во изјава за медиумите на протестот.

Друга кажа дека денес е 10-годишнина од смртта на нејзиниот татко кој бил онколошки случај.

„Сите имаме изгубено некој. Нема фамилија ми се чини која немала онколошки пациент. Цел ден се прашувам дали направивме се што требаше да направиме за да го спасиме, после сите овие информации“, рече жената.

Вчера илјадници луѓе се собраа на голем протест пред Владата и Обвинителството, откако беше објавено дека на пациентите на Клиниката за онкологија им биле давани физиолошки раствори, а скапите лекови против канцерогинете заболувања завршувале на црниот пазар. „Нема правда, нема мир“, „Оставка“, „Убијци“ извикуваа демонстрантите.

Можете да прочитате

Лимани: Непријавувањето на насилството од страна на жртвите е еден од најсериозните проблеми

Учество на Муцунски на десеттата годишна конференција „Медитерански дијалог” во Рим

61- годишна жена го роди своето прво бебе на Клиниката за гинекологија