Утрински Весник
Магазин

Џони Деп ги презакажа концертите поради фрактура на глуждот

Џони Деп ги презакажа концертите поради фрактура на глуждот
Ss2

Џони Деп презакажа серија концерти откако претрпе фрактура на глуждот.

dobivaj vesti na viber

Холивудската ѕвезда (59) се огласи на социјалните мрежи за да ги открие вестите за својата повреда и да ги потврди презакажаните датуми за турнејата на неговиот бенд „Холивуд вампајрс“ низ САД.

Img 5587

Џони, кој свири во бендот заедно со Алис Купер и Џо Пери, напиша на Инстаграм: „Драги мои пријатели, жал ми е што морам да кажам дека го скршив глуждот, и многу е тешко!!! Сè узапочна како мала повреда, но некаде помеѓу Кан и „Ројал Алберт хол“ стануваше полошо отколку подобро. Неколку медицински експерти препорачаа да избегнувам секаква активност во моментов и затоа, за жал, не можам да патувам во овој момент.“

„Поради ова, на момците и мене ни е многу жал што нема да се видиме во Њу Хемпшир, Бостон и Њујорк, но ветувам дека ќе ви донесеме неверојатно шоу на сите вас во Европа, а подоцна ова лето ќе го донесеме нашето апсолутно најдобро на источниот брег и, надокнадете им на оние кои платиле за тие настапи!!!“

Џони потоа ги потврди презакажаните датуми на турнејата за крајот на јули.

Ss1

Можете да прочитате

Во ресторани и канцеларии во Велика Британија ќе бидат забранети нови родово неутрални тоалети

Никола Роквиќ Велигден го помина во Македонија, се огласи на 14. ден од подвигот

Малме со засилени безбедносните мерки одбројува до почетокот на Евровизија